25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтората најголема криптовалута ја надмина вредноста од 3.000 долари

Втората најголема криптовалута ја надмина вредноста од 3.000 долари

Криптовалутата етереум за првпат ја помина вредноста од 3.000 долари на неколку главни берзи, вклучувајќи ги Bybit, Coinbase и BitMEX.

Вредноста на втората најголема криптовалута во светот денес беше околу 3.200 американски долари, што е зголемување за 11 проценти за еден ден, пишува РТ.

На неделно ниво, вредноста на етереумот се искачи за 30 проценти, а од почетокот на годината се зголеми за четири пати, пренесува Индекс.

Во однос на вкупната пазарна капитализација, етер, со 368 милијарди долари, ги надмина корпорациите како The Walt Disney Company, Nestle и Bank of America.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП