23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите успеаја да го одложат мечот Манчестер јунајтед-Ливерпул

Навивачите успеаја да го одложат мечот Манчестер јунајтед-Ливерпул

Големото дерби на англискиот фудбал помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул нема да се одигра денеска, откако навивачите влетаа на „Олд Трафорд“ во неверојатни сцени неколку часа пред стартот на мечот.

Фановите се појавија пред својот омилен стадион за да протестираат против сопствениците, семејството Глејзер по неуспешниот проект на Суперлигата, по што ситуација ескалираше и тие ги турнаа бариерите и влегоа на теренот, по што од Јунајтед потврдија дека е невозможно мечот да се одигра.

„По разговорите помеѓу полицијата, Премиер лигата, советот на Трафорд и клубовите, мечот против Ливерпул е одложен поради безбедносни причини. Ќе се разговара со Премиер лигата за нов датум за мечот. Нашите навивачи се страствени за Манчестер јунајтед и комплетно го признаваме правото на слободно изразување и на протест, меѓутоа жалиме за ситуацијата која се случи денеска. Благодариме на полицијата за поддршката и за истрагата“, се вели во соопштението на Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП