29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОмега 3 масните киселини се многу важни за здравјето, а ќе ги...

Омега 3 масните киселини се многу важни за здравјето, а ќе ги најдете во овие намирници

Бенефициите од консумирањето на омега 3 масни киселини се многубројни, а во нив спаѓаат и спречувањето на болести како што се артеросклерозата, инфарктот, ракот, болестите на бубрезите и дебелото црево.

Исто така, омега 3 масните киселини се многу важни за здравјето бидејќи влијаат на имунитетот и физичката подготвеност. Омега 3 масните киселини можете да ги најдете во овие намирници:

Ореви

нао1

Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, една од омега 3 масните киселини. Во вашиот дневен микс од јаткасти плодови можете да додадете и фстаци и лешници.

Риба

нао2

Не е сеедно која риба ја јадете. Најдобро е да изберете морска риба како што е туната, харингата и сардината, но може и пастрмката.

Грав

нао3

Гравот, грашокот и леќата исто така содржат омега 3 масни киселини, а ако сте вегетаријанец кој не јаде риба, тогаш овие мешунки за вас ќе бидат одличен извор на протеини.

Маслиново масло

нао4

Ладно цеденото маслиново масло, но и маслото од лен се најдобрите извори на омега 3 масни киселини. Секојдневно преливајте ги салатите или месото со овие масла.

Лиснат зеленчук

нао5

Спанаќот, кељот, зелената салата – на овие намирници ретко кој помислува кога ќе се спомнат омега 3 масните киселини, но сепак тие ги содржат, и тоа во голема количина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП