24 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid веќе доминира на пазарот на таблети

Android веќе доминира на пазарот на таблети

tableti

Снабдување на таблети со оперативен систем „Android“ достигна 32.8 милиони примероци во светот во вториот квартал на 2013-та година. Така „Android“ контролираше 64 проценти од пазарот на таблети во вториот квартал.

„Apple“ дефинитивно има проблеми со задржување на позициите во однос на различните таблети со добар квалитет и оперативен систем „Android“ кои постојано излегуваат на пазарот. „Аndroid“ заработува од растот кај потрошувачката на евтини таблети на пазарите кои го користат овој оперативен систем.

„Windows“ исто така доби позитивен импулс со претставувањето на својата линија на таблети „Surface“. Компанијата продаде околу 2.3 милиони таблети во минатото тримесечје што е многу повеќе во истиот период од минатата година кога испорачаа само 200.000 уреди.

Платформата на „Google“ – „Android“ најмногу заработува од успехот на „Samsung“ и огромната палета на производи на компанијата која ја продаваат во целиот свет и во земјите каде што нивото на употребата на таблетите останува ниско.

Се проценува дека само корејска компанија има продадено околу 8.1 милиони таблети, што е еквивалентно на една четвртина од сите испораки на таблети со „Android“. Во споредба со истиот период од претходната година, испораките на таблети на „Samsung“ скокнаа со 277 проценти.

„Apple“ има испорачано околу 14.6 милиони таблети „iPad“ во вториот квартал, што претставува пад од 14.1 проценти во споредба со една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП