21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобра земја за живот во 2021-ва е Канада

Најдобра земја за живот во 2021-ва е Канада

Според американската медиумска компанија „U.S. News and World Report“, Канада е избрана во неодамна објавената листа на најдобри земји во светот за живот во 2021-ва година.

Земјите се категоризирани и избрани според степенот на подвижност, моќ, општествено одговорен бизнис, положба на жените, расна еднаквост.

На ранг-листата „Најдобри земји за 2021-ва година“, анкетирани се вкупно 17.326 лица од 36 земји во четири региони – Америка, Азија, Европа и Блискиот исток и Африка, така што 78 земји се рангирани на светската сцена.

Канада исто така се најде на првото место според квалитетот на живот и социјалната намена. Има добар пазар на труд, се грижи за човековите права и се залага за социјална правда, се смета за некорумпирана и ги почитува правата на сопственост.

Канада доби најголемо признание во областите на образование, квалитетно пензионирање, животна средина и здрав живот.

Исто така, го зазеде првото место кога станува збор за општествено одговорниот бизнис, второто место за расна еднаквост и шестото место за претприемништвото.

Извештајот се следи и објавува секоја година, а за 2020-та година е избрана Швајцарија. Според објавената листа за оваа година, покрај Канада се Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП