28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на невработени лица во Словенија

Зголемен бројот на невработени лица во Словенија

nevraboteni1

Во Словенија на крајот на јули, биле регистрирани 117,143 невработени лица, објави словенечкиот Завод за вработување.

Регистрираната невработеност во однос на јуни е зголемена за 0,5 проценти, а во однос на јули минатата година за 9,6 проценти.

Зголемувањето на регистрираната невработеност во јули, се толкува како вообичаена појава до која доаѓа во летните месеци.

Во летниот период во Заводот за вработување се пријавуваат повеќе лица на кои им завршиле договорите за работа на определено време, како и младите лица кои завршиле со образованието.

Просечниот број на пријавените невработени лица во Словенија во првите седум месеци изнесувал 120,658, со што бил повисок за 9,7 проценти во споредба со првите седум месеци од 2012 година.

Меѓу 60,701 нови пријави на невработеност во овој период, најголем број се лицата на кои им завршил договорот за работа на определено време, потоа следат лицата кои се прогласени за технолошки вишок и оние кои останале без парични средства поради стечај на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП