24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Top Gear“ го избра најдобриот електричен автомобил (ВИДЕО)

„Top Gear“ го избра најдобриот електричен автомобил (ВИДЕО)

До неодамна, електричните автомобили се гледаа како егзотични возила, а сега тие полека стануваат мејнстрим.

Појавата на голем број електрични модели во последните година-две го принуди некогаш конзервативниот „Top Gear“ да посвети посебно внимание на овој тип на автомобили.

Изборот за најдобар електричен автомобил е поделен на неколку сегменти, а севкупен победник е „Porsche Taycan Cross Turismo“.

За многумина е изненадување што моделите на „Teslа“ не победија во ниту една категорија, а „Polestar 2“, кој ја освои титулата „најразновиден електричен автомобил“.

„„Polestar 2“ се издвојува. Не затоа што е совршен, туку поради неговиот елегантен карактер што му дава малку душа. Ако иднината на електричните возила се заснова на такви пионерски обиди, тогаш иднината е навистина светла“, го објасни Том Форд признанието што „Top Gear“ му додели на овој автомобил.

Приказната за најдобрите електрични автомобили можете да ја погледнете подолу:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП