16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да знаете дека меленото месо е свежо? Еве го одговорот!

Како да знаете дека меленото месо е свежо? Еве го одговорот!

Правите скара? Ова се советите на професионалните готвачи кои пазат какво месо купуваат, особено кога станува збор за меленото месо, хамбургери, ќебапи …

Без разлика дали ќе купите готови специјалитети, или ќе направите домашна плескавица од мелено месо, важно е да знаете како да не бидете измамени и да не добиете мелено месо кое не е свежо.

За многу други намирници, првиот показател дека нешто не е во ред е бојата. Но, со производите од мелено месо, не е толку лесно да се процени.

„Меленото месо треба да се јаде во рок од еден или два дена по купувањето, додека стекот може да остане во фрижидер три дена“, вели експертот за безбедност на храната, Аргирис Маргулас.

Свежо меленото говедско месо прво ќе биде јако црвено, но потоа ќе ја смени бојата во кафеавкаста. Многу свежо месо понекогаш ќе биде скоро виолетово, особено каде што се сече. Како што доаѓа во контакт со кислород, тоа ќе ја смени бојата во црвена, а потоа во сивкаста или кафеава. Ова не значи дека нешто не е во ред, туку дека супстанцата која му дава боја се меша со кислород.

Затоа, месото треба да има различна боја само на површината, но ако дома донесете ќебапи или плескавици, исечете ги и ѕирнете внатре. Ако месото е сивкасто и внатре, нешто не е во ред.

Ако имате избор, секогаш е подобро да купите месо со јако црвена боја, бидејќи тоа е автоматски знак дека е посвежо, хемиската реакција која му ја менува бојата сè уште не е извршена.

Во топлите денови, најдобро е да купите мелено месо последно на списокот, за да не го возите низ жешката продавница уште половина час. Земете го пред да одите на каса за да го намалите времето кое го поминувате надвор од фрижидерот.

Сигурен знак дека месото стои подолго време е голема количина на влага или дури и течност во пакетот. Не земајте месо кое изгледа како да лебди во вода или е малку лепливо на допир. Ако веќе сте го донеле дома, чудниот мирис ќе биде знак дека нешто не е во ред, па доколку сте ја зачувале сметката, вратете го.

Ако при подготовката ви остане плескавица или ќебап, знајте дека тие мора да се чуваат во фрижидер максимум два часа по подготовката и ладењето, или во спротивно ризикувате развој на штетни бактерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП