Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна за итна употреба.
Асистентка на генералниот директор на СЗО, Марињела Симао, истакна дека е многу значајно да се имаат на располагање поголем број одобрени вакцини против коронавирусот.

