Црниот дроб е еден од најважните органи во телото, а брзата храна и преработените намирници оставаат последици на неговото функционирање.
Црниот дроб е важен за општото здравје. Неговата работа е да ја преработува храната, мастите и да ги елиминира токсините и другите штетни материи кои ги внесуваме. Кога овој орган не функционира како што треба, последици трпат и сите други органи во телото, па е исклучително важно да поведете сметка за здравјето на црниот дроб. Црниот дроб може да се нарече чистач на организмот, но и на него му е потребно повремено чистење.

