25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата ги чинеше жените загуба од 800 милијарди долари

Пандемијата ги чинеше жените загуба од 800 милијарди долари

Жените ширум светот изгубија повеќе од 800 милијарди долари како резултат на негативните ефекти од пандемијата со Ковид-19, се вели во извештајот на невладината организација „Oxfam International“, цитиран од „CNN“.

Според експертите на организацијата, сериозноста на пандемијата паднала несразмерно на понежниот пол.

Економските загуби што ги претрпеа жените изнесуваат повеќе од 800 милијарди долари, што е еквивалентно на бруто домашниот производ на 98 земји. Организацијата исто така ја споредува сумата со пазарната капитализација на „Amazon“ (700 милијарди долари) како и со воениот буџет на САД, кој во 2020-та година достигна рекордни 721,5 милијарди долари.

„Економските ефекти од кризата предизвикана од Ковид-19 посилно ги ​​почувствуваа жените. Тие се диспропорционално застапени во секторите со понизок ранг и нивните работни места се далеку по несигурни од оние на посилниот пол”, рече извршниот директор на „Oxfam“, Габриела Бучер.

Според неа, наместо да се борат против нееднаквостите, владите всушност ги продлабочиле, третирајќи ги работните места на жените како заменливи.

„Ова доведе до економски загуби од потенцијално вработување на над 800 милијарди долари“, рече Бучер.

Покрај тоа, организацијата забележува во својот извештај дека нејзината проценка е конзервативна, бидејќи вклучува само вработени на формален договор за вработување. Ако се вклучат загубите на жени кои работат во сивиот сектор, износот значително ќе се зголеми.

Од сите изгубени работни места во последната година, 64 милиони се жени. Меѓу нив, падот на вработеноста е 5%, во споредба со 3,9% кај мажите. Ова во најголем дел се должи на фактот дека по затворањето на училиштата и градинките во многу земји низ светот, жените беа принудени да поминуваат многу повеќе време дома и да ја остават својата професионална реализација во втор план.

Дури и пред пандемијата на глобалниот пазар на трудот, постоеја родови нееднаквости. Според ООН, жените добиваат 77 центи за секој долар платен на мажите. Како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19, овој приход може да се прошири дополнително, предупредуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП