5 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАГерманија бележи рекорди, еден милион вакцинирани за еден ден

Германија бележи рекорди, еден милион вакцинирани за еден ден

Германија во средата постави дневен рекорд по бројот на вакцинации со над милион вакцинирани граѓани, рече во четвртокот министерот за здравство Јенс Спан, додавајќи дека третиот пандемиски бран истовремено забавува.

„За прв пат, успеавме да вакцинираме повеќе од еден процент од населението за еден ден“, рече министерот за здравство Јенс Спан на прес-конференција.

Тој објасни дека досега 25,9 проценти од германските граѓани ја примиле првата вакцина, а 7,5 проценти од граѓаните биле целосно вакцинирани.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох во четвртокот за цела Германија забележа седумдневна инциденца од 154,9, што е помалку отколку во средата, кога инциденцата беше 160,6.

Директорот на институтот Роберт Кох, Лотар Вилер, рече дека инциденцата низ целата земја се стабилизирала помеѓу 150 и 170.

„Успеавме малку да го забавиме третиот пандемиски бран. По Велигден, експоненцијалниот раст не се разви според предвидувањата “, рече Вилер.

Министерот за здравство Спан го опиша развојот како позитивен, но истакна дека сè уште не е време за опуштање.

„Има надеж, но ова не е знак да се стави крај на пандемската тревога. Вкупните бројки се уште се премногу високи. Одделите за интензивна нега се уште се полни “, рече Спан.

Германија има намера да го забрза процесот на вакцинирање во наредните недели, на што треба да придонесе и трансферот на дел од вакцинацијата на матичните лекари.

Претходно оваа недела, канцеларката Ангела Меркел објави дека приоритетите за вакцинација ќе бидат укинати од јуни и дека до крајот на јули, на сите возрасни германски граѓани кои сакаат да го сторат тоа треба да им се даде можност да ја примат првата вакцина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП