25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот кинески пазар ја поткрепи продажбата на „Carlsberg“

Силниот кинески пазар ја поткрепи продажбата на „Carlsberg“

Данската пивара „Carlsberg“ објави продажба во првиот квартал нешто над очекувањата, поддржана од силниот кинески пазар, бидејќи Западна Европа остана сериозно погодена од ограничувачките мерки поради коронакризата.

Третиот по големина производител на пиво во светот по „Heineken“ и „Anheuser Busch Inbev“ ја зголеми долната граница на прогнозата за раст на профитот во оваа година и започна нова програма за откуп на акции.

„Carlsberg“ одлично ја започна годината во Азија и Централна и Источна Европа, додека Западна Европа беше силно погодена од масивните блокади и ограничувањата низ целиот регион“, рече Сес`т Харт, извршен директор на компанијата.

Продажбата меѓу јануари и март изнесуваше 13 милијарди дански круни (2,11 милијарди американски долари), наспроти 12,8 милијарди круни што ги очекуваа аналитичарите во истражувањето.

Од „Carlsberg“ велат дека очекуваат оперативната добивка да порасне помеѓу 5% и 10% во оваа година, во споредба со претходните прогнози за раст од 3% до 10%. Компанијата исто така започна нова програма за откуп на акции за купување акции во вредност од 1 милијарда круни до 13-ти август.

Пред точно една година, „Carlsberg“ предупреди дека потрошувачката на пиво дополнително ќе се намали и го пријави првиот пад на кварталните приходи од продажба во последните две години. Последното се случи откако блокадите во земјите во светот доведоа до помала побарувачка, бидејќи многу барови и ресторани беа затворени поради пандемијата со Ковид-19.

Приходите за првиот квартал од минатата година се намалија за 7,4% на органска основа, достигнувајќи 12,9 милијарди круни (1,9 милијарди долари). Аналитичарите очекуваа 12,8 милијарди круни. Азија стана еден од клучните пазари за раст на компанијата, но влијанието на коронавирусот сепак ја прикрива иднината на компанијата во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП