28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката за злато падна за 23% во првиот квартал

Побарувачката за злато падна за 23% во првиот квартал

Глобалната побарувачка за злато во првиот квартал од оваа година падна за 23%, се вели во извештајот на Светскиот совет за злато, цитиран од „Marketwatch“.

Вкупната глобална побарувачка за периодот јануари-март 2021-ва година изнесува 815,7 тони. Таа останува непроменета во однос на последниот квартал од минатата година.

Инвестициските набавки на благородниот метал се намалија за 71% во споредба со првите три месеци од претходната година и изнесуваат вкупно 161,5 тони.

Берзанските фондови кои тргуваат на берза, инвестирајќи во злато, забележаа нето пад на нивните средства од скоро 178 тони. За истиот период во 2020-та година, пријавено е нето зголемување од 299 тони.

Во првите три месеци од 2021-ва година, побарувачката за злато и монети се зголеми. Таа се зголеми за 36% на 339,5 тони ширум светот, главната причина за тоа се стравувањата на учесниците на пазарот од зголемување на инфлацијата, велат експертите.

Раст е забележан и во побарувачката за златен накит и додатоци – за 52% до 477 тони.

Падот на цената на златото од почетокот на годинава, забрзувањето на економското закрепнување и постепеното олеснување на мерките за борба против епидемијата во некои земји почнуваат да влијаат позитивно на пазарот на благородни метали, според Светскиот совет за злато.

Досега, овој тренд се забележува главно во физички набавки, при што Кина и Индија остануваат главни двигатели.

Цената на златото падна за 6% од почетокот на годинава. Во моментов таа изнесува околу 1.777 долари за унца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП