Веста доаѓа како дел од последните финансиски извештаи на компанијата, кои покажуваат дека компанијата продала 3,3 милиони конзоли помеѓу јануари и март. Во исто време, компанијата исто така продаде дополнителни милиони пимероци на „PS4“, што особено ја зајакна доминацијата на „Sony“ во делот на игрите.
Пандемијата ги смени навиките на многу луѓе, со тоа што играњето игри е една од активностите што голем број луѓе ги практикуваат повеќе од порано, додека престојуваат дома. Сега има 47,6 милиони претплатници на „PlayStation Plus“, а компанијата во последните три месеци регистрираше околу 109 милиони корисници на „PlayStation Network“. И додека продажбата на игри опадна во споредба со празничниот квартал, повеќе се симнати дигитално.

