5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесијата во Италија го допре дното, пад на економските активности

Рецесијата во Италија го допре дното, пад на економските активности

italy3

Активностите во италијанската економија во вториот квартал се намалија за 0,2 проценти во однос на првиот квартал, што е помал пад од првично очекуваниот, но е во согласност со останатите индикатори дека најдолгата пост-воена рецесија во Италија го допре дното.

Италијанскиот завод за статистика ИСТАТ денес објави дека бруто домашниот производ (БДП) во вториот кварал се намалил за 0,2 проценти. Станува збор за осмиот квартал по ред во кој италијанската економија бележи пад.

Аналитичарите очекуваа економски пад од 0,4 проценти во однос на претходниот период, и 2,2 процентен пад во однос на ланскиот период.

Водечките индикатори објавени во последните неколку недели укажуваат дека рецесијата во Италија попушта.

Многу аналитичари предвидуваат враќање на скромен раст во четвртиот квартал или можеби и во третиот квартал од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП