26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата ја намали продажбата на пиво во ЕУ

Пандемијата ја намали продажбата на пиво во ЕУ

Продажбата на пиво во Европа нагло падна во 2020-та година откако беа затворени баровите и рестораните за да се спречи ширењето на коронавирусот, објави Европската асоцијација на производители на пиво.

Минатата година во Европа се продадени 34 милиони хектолитри пиво, девет проценти помалку отколку во 2019-та година, објави здружението „The Brewers of Europe“.

Мерките за борба против пандемијата со Ковид-19 особено го погодија угостителскиот сектор во Европа, забележувајќи пад на потрошувачката на пиво за 42% на околу 72 милиони хектолитри.

Продажбата на пиво во малопродажбата се зголеми малку, но недоволно за да се надоместат загубите, велат од организацијата.

Пандемијата затвори и 800.000 работни места во логистичкиот ланец на индустријата за производство на пиво, третина во целиот сектор за производство на пиво, што сега брои 1,8 милиони. Повеќето од нив беа укинати во угостителските објекти, но исто така беше забележана значителна загуба во дистрибуцијата.

Во Германија, продажбата на пиво потона за 5,5 проценти во 2020-та година, на 8,7 милијарди литри, што е најниско ниво откако „Destatis“ започна да објавува податоци, покажа студија објавена во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП