3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот долг на Црна Гора изнесува 1,77 милијарди евра

Државниот долг на Црна Гора изнесува 1,77 милијарди евра

crnagora4

Државниот долг на Црна Гора на крајот на јуни изнесувал речиси 1,77 милијарди евра, или 50,1 проценети од бруто домашен производ (БДП), соопшти Министерството за финансии во Подгорица.

Буџетскиот дефицит за првите шест месеци од годинава изнесувал 79,6 милиони евра.

Според податоците на Министерството за финансии, внатрешниот долг на земјата изнесувал 442 милиони евра, а надворешниот 1,32 милијарди евра.

Од Министерството соопштуваат дека нето приливот на директни странски инвестиции во периодот од јануари до крајот на мај изнесувал 112,12 милиони евра, односно за 5,5 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.

Вкупната надворешнотрговска размена од почетокот на годинава до крајот на мај изнесувала 841,8 милиони евра, што е 2,8 проценти пониско во однос на истиот период лани.

Дефицитот во стоковата размена изнесувал 510,9 милиони евра или 9,8 отсто помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП