20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајпрометните аеродроми во светот во 2020-та

Најпрометните аеродроми во светот во 2020-та

Минатата година, Атланта ја загуби титулата „град со најпрометниот аеродром во светот“.

Со ова беше прекината серија од повеќе од 20 години преполни терминали и постојан воздушен сообраќај, според  „T+L“.

На врвот на листата на најпрометни аеродроми во 2020-та година е „Guangzhou Bai Yun“, кој пречека и испрати повеќе од 43 милиони патници во една тешка година, обележана со голем број ограничувања за патувања.

За аеродромот во Кина, ова е огромен чекор напред во рангирањето составено од „International Airport Council International“ (ACI).

Јужнокинескиот град, кој беше на 11-то место во 2019-та година, сепак забележа пад на патничкиот сообраќај за 40,4% во споредба со 2018-та година.

Всушност, седум од најпрометните аеродроми во светот во 2020-та година се наоѓаат во Кина, а во рангирањето се и поголеми градови како Пекинг и Шангај.

„Влијанието на Ковид-19 врз глобалниот патнички сообраќај ја доведе авијацијата во виртуелен ќор-сокак во 2020-та година и ние продолжуваме да се соочуваме со егзистенцијална закана“, велат од „ACI World“.

„Oбјавените податоци го откриваат предизвикот со кој аеродромите продолжуваат да се соочуваат, со потребата индустријата да биде поддржана од владите за да се осигура дека таа може да ја одржи и обнови врската и да го стимулира заздравувањето на глобалното економско ниво“, стои во соопштението.

Меѓународниот аеродром „Hartsfield-Jackson“ во Атланта (кој е рангиран на второ место оваа година по пад на патници од 61,2% во споредба со 2019-та година), Меѓународниот аеродром „Dallas/Fort Worth“ (четврти) и Меѓународниот аеродром „Denver“ (седми на списокот) се наоѓаат во првите 10.

Вкупно, патничкиот сообраќај во првите 10 најпрометни аеродроми во светот се намали за околу 45,7% во 2020-та година, додека патничкиот сообраќај на аеродромите генерално падна за околу 64,6%, според „ACI“.

Додека сообраќајот на патници виртуелно запре поради ограничувањата поради Ковид-19, обемот на воздушниот товарен сообраќај во 10-те најфреквентни центри минатата година се зголеми за 3%, што „ACI“ го објаснува со зголемената побарувачка преку Интернет на производи за широка потрошувачка, фармацевтски производи и опрема за лична заштита.

Еве ги првите 10 најпрометни аеродроми во светот во 2020-та година:

Гуангжу, Кина: 43,8 милиони патници (11-та позиција во 2019-а година)

Атланта, САД: 42,9 милиони (1)

Ченгду, Кина: 40,7 милиони (24)

Далас/Форт Ворт, САД: 39,3 милиони (10)

Шенжен, Кина: 37,9 милиони (26)

Пекинг, Кина: 34,5 милиони (2)

Денвер, САД: 33,7 милиони (16)

Kуминг, Кина: 33 милиони (37)

Шангај, Кина: 31,2 милиони (46)

Ксиан, Кина: 31,1 милиони (40).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП