19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските извозници со највисоки очекувања во последните 10 години

Германските извозници со највисоки очекувања во последните 10 години

Очекувањата на германските извозници од производствениот сектор скокнаа во април 2021-ва година на највисоко ниво од јануари 2011-та, на 24,6 поени, покажува истражувањето на економскиот институт „IFO“ во Минхен.

Во март, индексот на очекувањата за извоз кај германските производители беше 23,8 поени, а во април минатата година тој беше минус 47,8 поени, се вели во соопштението на институтот.

Изгледите се подобрија во скоро сите индустрии, а очекувањата на производителите во електричната и електронската индустрија се крајно оптимистички.

Во компаниите кои се занимаваат со производство на машини и опрема, овој индикатор се искачи на највисоко ниво од јануари 2011-та година.

Хемиската индустрија, исто така, очекува повеќе нарачки од странство во вториот квартал.

Сликата е помалку розова само за производителите на облека и опрема за возила, каде што очекуваат пад на меѓународната продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП