5 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАВо супермаркети во Италија откриени траги од коронавирус

Во супермаркети во Италија откриени траги од коронавирус

Специјален оддел на италијанската полиција прегледа неколку илјади супермаркети во Италија со цел да провери дали има траги од Ковид-19 на уредите и апаратите што се најчесто користени, пишува агенцијата Анса.

Присуството на генетски материјал од коронавирусот е утврдено на количките и корпите што се користат во самопослугите, на банкоматите и на тастатурите на вагите, објави полицијата.

Поради непочитување на анти-ковид мерките, нехигиенa, непочитување на растојанието помеѓу купувачите, недостаток на средства за дезинфекција, на 226 лица им биле издадени казни на самото место, 12 супермаркети веднаш биле затворени, а сопствениците биле казнети.

Полицијата запленила 2.000 килограми прехранбени производи затоа што немале етикета за потекло или не биле правилно складирани, што значи дека не биле за употреба.

Во сите продавници во Италија, бидејќи се во сила анти-ковид мерките, задолжително е на самиот влез да има средство за дезинфекција на рацете, а во самопослугите и за дезинфекција на корпи и колички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП