23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден сака да ги зголеми даноците за 0,3 проценти на најбогатите американци

Бајден сака да ги зголеми даноците за 0,3 проценти на најбогатите американци

Американскиот претседател Џо Бајден сака да го зголеми данокот на доход од капитал за 0,3 проценти на најбогатите Американци, потврди Белата куќа во понеделникот.

Тоа зголемување на данокот е дел од фискалната реформа насочена кон „награди ја работата, а не само богатството“, рече Брајан Дис, главниот економски советник на претседателот Бајден.

Според нацрт-реформата, која сигурно ќе биде предмет на жестоки борби во Конгресот, промените ќе влијаат само на оние даночни обврзници кои заработуваат повеќе од милион долари годишно, објасни тој.

Според него, само 0,3 проценти од даночните обврзници или околу 500 000 домаќинства би биле погодени од реформата.

„За 997 домаќинства од 1.000, таа промена нема да има никакво влијание“, нагласи тој.

Според неколку американски медиуми, даночната стапка може да биде скоро двојно поголема, од 20 на 39,6 проценти.

Фискалната реформа се обидува, меѓу другото, да го финансира „Американскиот план за семејства“, збир на инвестиции насочени кон деца, семејства и здравствена заштита, чии главни упатства Бајден треба да ги презентира во среда вечер, во неговиот прв говор пред Конгресот .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП