19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој осми жител е милионер во два швајцарски кантони

Секој осми жител е милионер во два швајцарски кантони

Во два од 26 швајцарски кантони, секој осми жител е милионер, а тоа се кантоните Швиц и Цуг. Овие податоци беа објавени врз основа на анализа на статистиката за данок и приход.

Во споменатите кантони, персоналниот данок на доход е помал во споредба со поголемите, погусто населени кантони, вклучувајќи ги Цирих и Женева.

Кристоф Шалтегер, професор по политичка економија на Универзитетот во Луцерн, смета дека Швиц и Цуг се пример за даночна конкуренција меѓу кантоните и тој го оцени тоа како нешто добро.

Тој верува дека ова им дава можност на помалку развиените делови на Швајцарија да бидат поконкурентни во споредба со попривлечните региони.

SonntagsBlick исто така објави дека во 2017 година имало 62 милионери на 1.000 даночни обврзници во оваа земја. Тоа е значително повеќе од, на пример, 1969 година, кога имаше 11 милионери на 1.000 даночни обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП