20 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАБил Гејтс критичен: „Светот не се подготви за оваа пандемија како што...

Бил Гејтс критичен: „Светот не се подготви за оваа пандемија како што треба“. Сепак, се гледа светло на крајот од тунелот

Филантропот и еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, беше гласен заговорник за вакцини и вакцинација во изминатата година, но и критичар на целиот свет за неговата неподготвеност за пандемијата која го зафати.

Гејтс, преку својата фондација, вложи милиони долари во истражување на Универзитетот во Оксфорд, што на крајот резултираше со вакцина против Ковид-19. И иако тој сè уште е убеден дека светот е фатен неподготвен од оваа пандемија, тој сепак ја гледа светлината на крајот од тунелот.

Светот не се подготви за оваа пандемија како што треба, но вакцините треба да им овозможат на луѓето да се вратат во некоја форма на нормалност, рече Гејтс во интервју за Sky News.

Тој објасни како неговата фондација учествувала преку неколку различни инструменти, вклучително и преку ACT-A, глобален сојуз на тела коха ја координира испораката на тестови, лекови и вакцини низ целиот свет.

Она што го направивме е многу вредно, бидејќи не се подготвивме доволно за пандемијата. Учиме во движење, но би рекол добрата вест е дека делумно поради сите напори на ACT, делумно поради финансиите на САД за истражување и развој, имаме вакцини и на оваа пандемија ќе и дојде крајот, рече Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП