26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновач на берза за криптовалути избегал од земјата - со две милијарди...

Основач на берза за криптовалути избегал од земјата – со две милијарди долари

Основачот на турската берза на криптовалути, Фарук Фатих Озер, наводно избегал од земјата со украдени дури две милијарди долари.

Озер (27) го снимила камера на аеродромот во Истанбул за време на проверка на пасошот. За него се верува дека побегнал во Албанија или Тајланд.

Обвинителите во Истанбул започнаа истрага во четвртокот, откако во средата нагло се изгасила берзата и Озер ја напуштил земјата со украдените инвестиции на стотици илјади инвеститори.

Компанијата на Озер со седиште во Истанбул, Thodex Exchange, ја продавала дигиталната валута “догкоин”, основана во 2013 година, за една четвртина од својата пазарна вредност, пренесува Јутарњи лист.

Податоците на пазарот од 17 април покажаа дека компанијата тргувала со догкоини вредни повеќе од 500 милиони долари во рок од 24 часа, но инвеститорите почнале да изразуваат загриженост кога сфатиле дека не можат да ги продадат или пренесат.

Во средата, Thodex Exchange изненадно престанала да тргува. Откриено е дека 391.000 инвеститори не можат да пристапат до нивните сметки, кои имаат повеќе од две милијарди долари.

Во соопштението на веб-страницата на компанијата се вели дека тие го прекинале работењето пет дена за „подобро опслужување на клиентите“.

Сепак, се чини дека Озер ја напуштил земјата ден пред тоа соопштение.

Огуз Евген Килиќ, адвокатот кој ги застапува инвеститорите во Thodex Exchange, изјави дека е покрената постапка против берзата. Во петокот, турската полиција уапсила 62 осомничени како дел од истрагата.

Локалните медиуми пишуваат дека Озер е под истрага за сериозна измама и основање на криминална организација.

Наводно, ова е најголемата измама поврзана со крипто-валути.

Во друга изјава издадена во четвртокот, Thodex Exchange, негираше дека тој ги украл парите на своите клиенти и тврди дека тој привремено ја затворил својата страница откако открил невообичаена активност на некои сметки минатата недела. Тие, исто така тврдат дека во 2018 година биле погодени од сајбер напад кој ја чинел компанијата 25 милијарди лири (околу 2,5 милијарди евра), но дека тие загуби не ги пријавил на своите инвеститори.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна забрани употреба на крипто-валути засновани на блокчејн технологија како средство за плаќање во Турција.

Турската централна банка соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 30 април.

Турција воведе забрана за крипто-валути поради, како што тврдат, ризик од непоправливи загуби на сите страни вклучени во трансакциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП