20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија воведува нови правила, вакцинираните ќе имаат одредени привилегии

Германија воведува нови правила, вакцинираните ќе имаат одредени привилегии

Владата на Германија подготвува нацрт-закон со кој на вакцинираните лица ќе им се дадат некои привилегии, како ослободување од карантин по враќањето од странство. За исклучоците може да се разговара уште во понеделник, пишува Дојче веле.

Германската сојузна министерка за правда Кристин Ламбрехт подготви предлог со законски промени со кој вакцинираните ќе бидат ослободени од некои мерки донесени во борбата против пандемијата, како што се задолжително тестирање или карантин по враќањето од странство.

„Ако се заклучи дека вакцината не само што ги штити оние кои ја примиле, туку и други, тогаш тоа мора да се земе предвид при формулирање на мерките што се во сила“, рече Ламбрехт во интервју за „Ханделсблат“.

Еден документ, објавен од дневниот Билд, цитира заклучок од Државниот институт за епидемиологија „Роберт Кох“, во кој се заклучува дека вакцинираните против коронавирус имаат помал потенцијал да заразат други лица отколку оние кои презентираат негативен антиген тест. Затоа, како што е наведено, треба да се воведе ублажување или ослободување од некои мерки за оние кои биле вакцинирани, но исто така и за оние кои преживеале коронавирус.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан, кој ја најави оваа можност пред неколку недели, рече дека владата во моментов разговара од какви мерки може да бидат изземени вакцинираните. Во предлогот се споменува, пред сè, укинување на мерките за самоизолација за оние кои биле во контакт со заразено лице или за оние што се враќале од странство и биле присилени на десетдневен карантин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП