2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем пад на биткоинот: Од крипто берзата избришани 260 милијарди долари за...

Голем пад на биткоинот: Од крипто берзата избришани 260 милијарди долари за 24 часа

Биткоинот и другите дигитални валути нагло паднаа, што доведе до бришење на над 260 милијарди долари од пазарната вредност на криптовалутите.

На денешното тргување околу 14:06 часот по времето во Пекинг, цената на биткоинот беше 49.281,40 долари, што е пад од скоро 10 проценти во последните 24 часа, според „CoinDesk“.

Етереум падна на 2.202,05 долари, или повеќе од 11 проценти. XRP, петтата најголема крипто валута во светот, падна за повеќе од 22 проценти, според податоците на веб-страницата за следење на цените CoinMarketKap.

Ова збриша вредност од околу 260 милијарди долари од целиот пазар на криптовалути.

Засега, причината за оваа масовна продажба не е јасна, но познато е дека крипто-валутите се подложни на екстремни промени во цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП