26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПоука од приказната за почетокот на кариерата на Илон Маск: „Треба да...

Поука од приказната за почетокот на кариерата на Илон Маск: „Треба да бидеш срамежлив“

Шефот на Тесла, Илон Маск ја основал првата фирма кога бил одбиен од интернет компанијата “Netscape” уште во 1995 година.

Маск е најпознат по својата работа како извршен директор на Space X и Tesla, но се чини дека основањето на сопствена компанија не била во неговиот првичен план, пишува Фокс Бизнис.

Според корисникот на Твитер, Пране Патоли, Маск првично аплицирал за работа во интернет компанијата Netscape во 1995 година. Патоли на социјалната мрежа напиша дека Маск „го испратил своето CV, поминал извесно време во холот на компанијата, но тој бил премногу срамежлив за да разговара со никого“.

„И така, тој ја основа својата интернет компанија Zip2, бидејки не можеше да најде работа на друго место“, напиша Патоли.

Маск ја потврди приказната, објаснувајќи дека „можел да најде работа, но не во интернет компанија (немаше многу од нив во тоа време)“.

Одговорот на Маск имаше 60.000 лајкови и илјада коментари, вклучително и еден корисник кој напиша: „Поука од приказната: Треба да бидете срамежливи за да постигнете огромен успех“, додека друг рече: „Се обложувам дека сега жалат што не ве вработиле“.

Маск го водеше Zip2 четири години, пред да го продаде на компјутерската компанија Compaq за околу 305 милиони долари во 1999 година. После тоа, тој беше ко-основач на PayPal, кој eBay го презеде во јули 2002 година за 1,5 милијарди долари. Потоа, тој го основаше Space X во 2002 година, кој оттогаш достигна вредност од околу 74 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП