29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстатоци од студената војна: Медот во САД сè уште содржи радиоактивен отпад

Остатоци од студената војна: Медот во САД сè уште содржи радиоактивен отпад

Ново истражување покажува дека американскиот мед сè уште содржи траги од радиоактивен отпад од нуклеарните тестови од 1950-тите и 1960-тите години.

Пронајдените количини на радиоактивен изотоп, цезиум-137, се под оние што се сметаат за штетни за луѓето, но нивното откритие сепак покажува колку долго траат последиците од нуклеарните експерименти.

„Имаше периоди во кои тестиравме стотици нуклеарни оружја во атмосферата“, рече геохемичарот Џим Касте од Универзитетот Вилијам и Мери во Вилијамсбург минатата година, пренесува хрватскиот портал Индекс.

Висока количина на цезиум-137 во медот

Цезиум-137 е нус-производ на нуклеарна фисија, кој често може да се најде во прехранбени производи поради нуклеарното загадување на животната средина.

Касте дошол до откривање на траги од тој изотоп во медот сосема случајно, откако им дал задача на своите студенти за празниците во 2017 година.

За да им покаже како радиоактивниот отпад од нуклеарните тестови во средината на 20 век сè уште е присутен во животната средина, Касте ги замолил своите студенти да донесат локално произведена храна од каде што ги минаа празниците.

Како што се очекуваше, беа откриени многу ниски концентрации на цезиум-137 во разни примероци на овошје, ореви и друга храна. Но, дури и Касте беше изненаден од резултатите од тестирањето на мед што студентите го купија од земјоделците во Северна Каролина.

“Отидов да мерам повторно затоа што мислев дека нешто се случило со резервоарот или со мојот детектор. Откако го повторив мерењето, тоа повторно покажа сто пати поголема концентрација од која било друга храна”, рече Касте.

За да разберат зошто медот содржи толку високи концентрации на цезиум-137, Касте и неговите колеги тргнале да тестираат примероци на локално произведен суров, чист и нефилтриран мед низ источниот дел на САД.

Остатоци од Студената војна

Од 122 тестирани примероци на мед, 68 содржеле видливи траги од радиоактивниот изотоп, односно остатоци од атмосферските нуклеарни тестови спроведени од САД, СССР и другите земји за време на Студената војна.

Повеќето детонации се случувале над Маршалските острови во Тихиот океан и Њуфаундленд, Арктичкиот архипелаг во северна Русија. Некои тестирања се спроведени во Ново Мексико и Невада.

Експертите веруваат дека кумулативниот ефект на над 500 тест-детонации испуштил повеќе јонизирачко зрачење во атмосферата од кој било друг настан во историјата на човештвото.

И покрај тоа што не можеме да знаеме кои од сите експлозии се одговорни за нуклеарниот отпад што можеме да го најдеме во храната низ САД денес, експертите можат да објаснат како тој изотоп можел толку многу да се шири, пишува Science Alert.

Високите концентрации на цезиум-137 во медот, во споредба со другите прехранбени производи, покажуваат дека радиоактивниот отпад е концентриран на необичен начин. Еден од главните начини на кои изотопот доаѓа до почвата е дождот, но примероците на мед со најголемо количество радиоактивен изотоп доаѓаат од региони на САД кои не се меѓу оние со најмногу врнежи.

Наместо тоа, се покажа дека оние примероци мед со најголема концентрација на цезиум-137 доаѓаат од областа на САД со мала концентрација на калиум во почвата, што растенијата го апсорбираат како извор на хранливи материи.

Калиумот и цезиумот имаат бројни атомски сличности и кога растенијата во сиромашна земја со калиум не успеат да добијат доволно железо, тие ќе апсорбираат цезиум, дури и ако е нестабилен, радиоактивен по природа.

На крајот, радиоактивниот изотоп завршува во растителниот нектар, кој потоа го земаат пчелите и со тоа се зголемува неговата концентрација при правењето на мед.

Позитивната работа во врска со тоа истражување е дека ниедна количина цезиум-137 во храната регистрирана денес не е штетна за луѓето. Сепак, пред неколку децении, овој токсичен отпад беше посвеж и потенцијално поопасен за здравјето на луѓето, како и за здравјето на другите организми.

„Она што денес го откриваме е мал дел од зрачењето кое беше присутно во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век и не можеме со сигурност да кажеме дали цезиум-137 има врска со падот на бројот на пчелни колонии“, рече Касте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП