3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord на аукција го продава последниот Shelby GT500

Ford на аукција го продава последниот Shelby GT500

2014-Ford-Mustang-Shelby-GT500-Front-Side

Претставувањето на новиот модел „Ford Mustang“ за 2015-та година се приближува, што значи дека оваа петта генерација од моделот наскоро ќе се повлече од пазарот.

„Ford Motor Company“ на аукција ќе го продаде еден од последните возила од овој модел, последниот „Shelby GT500“ кабриолет од 2014-та година.

Правото за купување на последниот произведен автомобил од моделот ќе биде предложено на аукција за време на саемот за класични автомобили „Hot August Nights“ оваа недела во Рино, Невада.

Бидејќи автомобилот се уште не е произведен, понудувачот ќе може да избере каква сака конфигурација на ентериерот и боја на автомобилот меѓу понудените од „Ford “за моделот.

Се очекува „Ford“ да го отстрани  „Shelby“ од името на својот нов модел „Mustang“ за 2015-та година, што значи дека никогаш повеќе можеби нема да видиме модел „Shelby GT500“ од „Ford“.  Па така купувачот на овој последен автомобил од 2014-та година ќе има дел од историјата.

Тоа значи дека автомобилот најверојатно ќе се продаде за значително повеќе од првобитната цена од 60.445 долари. Сите автомобили  „Shelby GT500“ од 2014-та година се опремени со 5,8-литарски 8-цилиндричен мотор со максимална моќност од 662 коњски сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП