29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНекои паднаа, некои скокнаа: Пандемијата го поремети списокот на најголемите

Некои паднаа, некои скокнаа: Пандемијата го поремети списокот на најголемите

Пандемијата на коронавирусот го разниша рангирањето на најголемите економии во светот, туркајќи многу земји во најлоша економска рецесија во поновата историја.

САД, Кина, Јапонија и Германија сè уште се рангираат во првите четири како најголеми економии во светот, додека некои економии напредуваа или паднаа на ранг-листата како резултат на пандемијата, а една земја испадна од првите 10, според анализа на CNBC заснована врз економската проекција на Меѓународниот монетарен фонд.

Американската ТВ станица ги спореди земјите според номиналниот бруто домашен производ од 2019 година, изразен во долари, со проценките на БДП за минатата година од извештајот на ММФ – Светски економски изгледи.

Номиналниот БДП ја проценува пазарната вредност на сите готови производи и услуги произведени во една економија за една година, но не ги зема предвид трендовите на инфлација и затоа може да ја прецени или потцени реалната економска вредност, се забележува во додатокот.

Соединетите Држави ја задржаа водечката позиција на списокот на топ 10 економии во светот, при што номиналниот БДП падна минатата година на 20,9 трилиони долари од 21,4 трилиони долари во претходната година.

Наспроти ова, второпласираната Кина минатата година забележа раст на номиналниот БДП на 14,7 трилиони долари од 14,3 трилиони долари една година порано.

Јапонија остана трета по големина економија во светот во 2020 година со БДП проценет на 5,0 трилиони долари (5,1 трилиони долари во 2019 година), додека Германија се најде на четвртото место чија економија задржа вредност од 3,8 трилиони долари.

Индија, петта по големина економија во светот во 2019 година, минатата година падна на шестото место зад Велика Британија, иако споредбените податоци покажуваат дека БДП на двете земји паднал од нивото од 2,8 трилиони долари пред две години на 2,7 трилиони долари минатата година.

Седмата позиција се уште ја држи Франција со номинален БДП од скоро 2,6 трилиони американски долари (2,7 трилиони долари во 2019 година), а осма е Италија со економска вредност од приближно 1,9 трилиони долари (2,0 трилиони долари во 2019 година).

Бразил, која беше деветта по големина глобална економија во 2019 година, испадна од првите десет, отстапувајќи и место на Канада, чиј БДП минатата година беше проценет на 1,6 трилиони долари (1,7 трилиони милијарди минатата година), а во најмоќните на 10-то место од влезе и Јужна Кореја со БДП од 1,6 трилиони долари во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП