28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот сеуште ги загрижува инвеститорите, а втората најпопуларна криптовалута руши рекорди

Биткоинот сеуште ги загрижува инвеститорите, а втората најпопуларна криптовалута руши рекорди

Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоин, по неколкудневни турбуленции на пазарот, денес не забележа поголеми осцилации, па цената на дигиталната валута во изминатите 24 часа се движеше меѓу 54.300 и 57.500 долари. Во моментов биткоинот вреди околу 55.500 долари.

Спротивно на тоа, втората најпопуларна криптовалута, етереум, во моментов бележи рекордни вредности, бидејќи ја надмина границата од 2.400 долари.

За потсетување, биткоинот изгуби повеќе од 12 проценти од својата вредност само минатиот викенд, бидејќи цената „падна“ од 60.000 на 52.148 долари за само 15 минути за време на азиската сесија. Така, ликвидираше позиции во вредност од скоро 4 милијарди долари на пазарот на деривати.

Падот продолжи и во текот на претходните два дена, кога цената се движеше помеѓу 53.000 и 57.000 долари.

Сепак, пазарната капитализација на биткоинот сè уште е над трилион долари.

Иако точната причина за ненадејната несреќа е непозната, расположението на пазарот може да се влоши поради гласините дека Министерството за финансии на САД планира да казни неколку финансиски институции за перење пари со употреба на крипто-валути.

Кога станува збор за втората најпопуларна криптовалута – етереум, денес таа целосно закрепна од падот што го доживеа заедно со биткоинот, па дури успеа да постави нов историски рекорд од 2.426 долари.

Неговата вредност во моментов е 2.420 долари, а во последните 24 часа забележа раст од скоро 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП