24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција прва во ЕУ објави дека ќе донира сопствени залихи на вакцини...

Франција прва во ЕУ објави дека ќе донира сопствени залихи на вакцини за сиромашните земји

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика членките на ЕУ да испратат пет проценти од сопствените залихи на вакцини во земјите во развој за да се спречи развојот на нови варијанти и да се спречи Русија и Кина да добијат дипломатска предност со споделување на вакцините.

Франција ќе донира првичнo 100.000 дози од вакцината на AstraZeneca на земјите во развој во април, што ја прави првата членка на Европската унија што испраќа свои залихи на вакцини до иницијативата COVAX за сиромашните земји, рече официјален претставник во средата.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика членките на ЕУ да испратат пет проценти од сопствените залихи на вакцини во земјите во развој за да се спречи развојот на нови варијанти од вирусот и да се спречи Русија и Кина да добијат дипломатска предност со споделување на вакцините. „Франција ќе започне европски механизам за споделување вакцини со COVAX“, рече во средата советникот на Макрон, додавајќи дека се надева дека и другите земји ќе се посветат на споделување на вакцината со COVAX. Програмата COVAX, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), се обидува да обезбеди две милијарди дози вакцини на сиромашните земји до крајот на 2021 година. Иницијативата COVAX во март објави дека има за цел да испорача 237 милиони дози од AstraZeneca во 142 земји до крајот на мај, а исто така ги испорача и првите дози на Pfizer.

Француските власти изразија загриженост дека развиените земји, кои се обидуваат да го вакцинираат своето население во најбрз можен рок, се обврзаа само на финансиска помош од COVAX и се воздржуваат од испраќање дози од сопствените резерви. Франција вети дека ќе испрати 500.000 дози на вакцина до средината на јуни, додаде француски официјален претставник. Првата пратка на вакцината AstraZeneca, која ќе биде земена од очекуваните испораки на вакцини во Франција, „веднаш“ ќе биде испратена до COVAX, додаде советникот на Макрон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП