26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖената со најголема плата во светот

Жената со најголема плата во светот

Дениз Коутс, која е основач и извршен директор на компанијата за игри на среќа Bet365, има дневни приходи од 1,6 милиони долари.

Дениз, која е директор на обложувалницата заедно со нејзиниот брат, заработи вкупно 647 милиони долари заклучно со крајот на март изминатата година.

Имала приход од 580 милиони долари, а покрај тоа заработила и 66 милиони долари од дивиденда. Нејзината плата претходната година беше за 40 проценти повисока отколку во 2019 година, кога заработи 382 милиони, што значи дека заработувала 1,6 милиони долари на ден во последната година.

Ваквите приходи беа обележани како рекорден резултат од Дениз Коутс, која е мнозински сопственик на компанијата „Bet365“ и се верува дека ова е најголема заработка во историјата на Велика Британија.

Всушност, интересно е што Коутс заработи повеќе од она што го заработи директорот на Тесла, Илон Маск во 2019 година, според индексот на Блумберг.

Bet365 е приватен бизнис на семејството Коутс. Приказната за тоа како ја граделе својата империја е индустриска легенда.

Таткото на Коутс, Питер, осумдесетгодишен син на рудар, стана успешен локален бизнисмен и сопственик на голем број обложувалници. Но токму Денис, која е дипломиран економист, станала свесна за тоа каков потенцијал има во „мрежата“.

Таа го купи доменот Bet365.com на eBay за 25.000 американски долари и влезе во целиот систем на обложување преку Интернет побрзо од нејзините конкуренти Ладброкс и славниот Вилијам Хил.

Денис Коутс и нејзиното семејство сега „вредат“ 9,9 милијарди долари, а втора година по ред важат за најголем даночен обврзник во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП