20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје прв воведува брз автобуски превоз на Западен Балкан

Градот Скопје прв воведува брз автобуски превоз на Западен Балкан

Скопје како еден од најзагадените градови во Европа, ќе стане првиот град на Западен Балкан кој ќе воведе систем на брз автобуски превоз (БРТ), благодарение на кредитот во износ од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој, за да ја поддржи клучната трансформација кон одржлив транспорт и ќе одговори на итните еколошки потреби на главниот град на Северна Македонија.

Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување на приоритетни автобуски коридори кои ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти како што се наплата на билети на автоматски терминали, електронски билети и динамичка регулација на услугите, ќе го подигнат квалитетот на услугите  на ново ниво. Патниците ќе имаат корист од брз и чест јавен превозот, кој ќе можат да го следат преку информациите ажурирани во реално време. На тој начин градот Скопје ќе демонстрира како се користат паметните концепти за подобрување на услугите.

Истовремено, новиот систем ќе придонесе и до значително намалување на оние емисиите на загадувачи во воздухот, за кои што транспортот е главниот во Скопје, град кој брои 550.000 жители. Согласно плановите, новиот систем на БРТ предвидува намалување на емисијата на јаглероден моноксид од над 95 отсто, на ПМ честичките за приближно 90 отсто и нитроген оксид и јаглероден диоксид за најмалку една четвртина.

Ова претставува трет проект во Скопје под ЕБОР Зелени градови, иновативната програма за поддршка на одржлив урбан развој, каде главниот град на Северна Македонија се приклучи во 2019 година. Банката и градските власти развија сеопфатен Акциски план кој ги идентификува емисиите во воздух од урбаниот транспорт, како приоритет кој итно треба да се решава. Ваквата инвестиција во брз автобуски превоз се реализира согласно овој Акциски план.

На потпишувањето на проектот, Фатмир Бесими, Министер за финансии на Северна Македонија изјави: ,, Кога‌ ‌иницијативите‌ ‌за‌ ‌создавање‌ ‌„зелена“,‌ ‌поинклузивна‌ ‌и‌ ‌одржлива‌ ‌економија‌ ‌ќе‌ ‌се‌ ‌совпаднат‌ ‌со‌ ‌напорите‌ ‌за‌ ‌економско‌ ‌заздравување‌ ‌од‌ ‌Ковид‌-19 ‌кризата,‌ ‌придобивките‌ ‌за‌ ‌македонската‌ ‌економија‌ ‌се‌ ‌повеќекратни.‌ ‌Во‌ ‌оваа‌ ‌и‌ ‌во‌ ‌следните‌ ‌години‌ ‌ќе‌ ‌инвестираме‌ ‌во‌ ‌проекти,‌ ‌кои што‌ ‌ќе‌ ‌придонесат‌ ‌за‌ ‌заштита‌ ‌на‌ ‌животната‌ ‌средина,‌ ‌ќе‌ ‌го‌ ‌олеснат‌ ‌транспортот,‌ ‌ќе‌ ‌придонесат‌ ‌за‌ ‌заштеда‌ ‌на‌ ‌време‌ ‌и‌ ‌енергетски‌ ‌ресурси,‌ ‌ќе‌ ‌овозможат‌ ‌раст‌ ‌на‌ ‌инвестициите‌ ‌и‌ ‌економскиот раст, како и нови работни‌ ‌места‌ ‌и‌ ‌ќе‌ ‌донесат‌ ‌подобрување‌ ‌на‌ ‌квалитетот‌ ‌на‌ ‌живот‌ ‌на‌ ‌нашите‌ ‌граѓани.‌ ‌Ја‌ ‌поддржувам‌ ‌зелената‌ ‌транзиција. ‌‌Сегашните‌ ‌и‌ ‌идните‌ ‌генерации‌ ‌треба‌ ‌и‌ ‌мора‌ ‌да‌ ‌имаат‌ ‌можност‌ ‌да‌ ‌дишат‌ ‌почист‌ ‌воздух‌ ‌и‌ ‌да‌ ‌патуваат‌ ‌побрзо‌ ‌и‌ ‌побезбедно. ”

Благој Бочварски, Mинистер за транспорт и врски, додаде: ,, Крајната цел на проектот е да се обезбеди нов градски превоз во Скопје, преку ефикасна и економска транспортна мрежа. Воведувањето на еколошки автобуси ќе го намали загадувањето на воздухот и ќе обезбеди брз, безбеден и квалитетен превоз. Нашата улога е да обезбедиме современа инфраструктура и услуги, преку кои овој концепт на брз превоз ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните. ”

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,, Ни претставува задоволство што денес го правиме овој голем чекор во унапредување на транспортните услуги на Скопје. Проектот ќе ги поддржи напорите на градот во справување со предизвиците на јавниот превоз на поефикасен и структуиран начин, преку подготовка и имплементација на одржлив урбан план на мобилност, кој ќе води кон подобрување на јавниот транспорт и ќе го направи поатрактивен, с# со цел да се намали користењето на приватните автомобили. Справување со загадувањето во Скопје е приоритет и ја поздравуваме посветеноста на властите за одлучна и брза акција, каде ЕБОР стои подготвен за целосна поддршка, што се покажува и со денешното потпишување на овој проект. ”

Петре Шилегов, Градоначалник на Скопје изјави: ,,Горди сме што Скопје е првиот град на Западен Балкан кој го воведува БРТ. За граѓаните на Скопје ова е остварување на сонот после 40 години. Добиваме подобар транспортен систем согласно нашите потреби. Добиваме брз, безбеден и одржлив јавен транспорт, кој ќе биде атрактивен, и ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж и аерозагадувањето. ”

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,13 милијарди преку 142 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП