19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекојдневно фрлаат стотици дози на вакцина, бидејќи никој не сака да се...

Секојдневно фрлаат стотици дози на вакцина, бидејќи никој не сака да се вакцинира со неа

Стотици дози вакцина против ковид-19 на АстраЗенека се фрлаат секој ден во Стокхолм, затоа што жителите одбиваат да се вакцинираат со неа, изјави во понеделникот шведски лекар за телевизијата СВТ.

Јохан Стируд од Медицинското здружение на шведската престолнина рече, дека нема доволно волонтери за AstraZeneca, затоа вакцината мора да се фрли доколку не се искористи за неколку часа

Во Шведска, британско-шведската вакцина е ограничена на оние над 65 години, откако во светот се пријавени ретки случаи на згрутчување на крвта како несакан ефект на земање на лекот.

СВТ известува дека некои пациенти ги откажуваат закажаните вакцини кога ќе дознаат дека ќе примат вакцина на АстраЗенека.

Styrud, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), нагласуваат дека придобивките од оваа вакцина се многу поголеми од ризиците, па ги повикаа луѓето да се вакцинираат.

Фрлање на вакцините на „АстраЗенека“ е забележано и во Хрватска, која во моментов има најголем број од нив, пренесоа хрватските медиуми.

За разлика од нив, нашата држава се бори да добиеме вакцини за да може народот да се вакцинира, со цел побрзо да дојдеме до колективен имунитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП