2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit и повеќе од двојно ја зголеми заработката

UniCredit и повеќе од двојно ја зголеми заработката

unicredit2

Италијанската банка „UniCredit“ во второто тромесечје од оваа година ја зголеми својата заработка и тоа повеќе од двојно, благодарение на поголемите приходи од каматите и намалувањето на трошоците.

Нето добивката на банката во второто тромесечје достигнала до 361 милион евра, а за споредба во истиот период минатата година нето добивката на банката изнесувала 169 милиони евра. Пораснаа и приходите на банката, и тоа за 5,5 проценти, на 6,4 милијарди евра, извести денес банката.

Бројот на вработени во банката во тој период е намален за 4.700 работници, воглавно поради продажба на банката во Казахстан.

Извршниот директор на „UniCredit“ Фредерико Гизони изјави дека резултатите покажуваат пораст на нови заеми за претприемачите и домаќинствата, што е прв позитивен знак за промените во Италија.

Одредбите за лошите заеми се намалија трето тромесечје по ред и тоа за 9 проценти во однос на второто тромесечје од 2012 година, на 1,7 милијарди евра.

„Core tier 1 ratio“- клучниот индикатор за здравјето на банката изнесува 11,4 проценти, што е над европските регулаторни норми.

Акцијата на „UniCredit“ денес на берзата во Милано се зајакна за 0,5 проценти, на 4.186 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП