21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија oд денеска воведе двонеделен карантин за сите патници од Северна Македонија...

Албанија oд денеска воведе двонеделен карантин за сите патници од Северна Македонија и Грција

Патниците од Грција и Северна Македонија од деднеска ќе мора да седат во карантин во траење од 14 дена по влез во Албанија.

„Ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но, она што се забележува во регионот е една ситуација што не е иста како во нашата земја. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.

Мерката ќе биде на сила до 3 мај.

Според најавите, во следните денови во Албанија ќе пристигнат 200.000 дози вакцини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП