27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУлтиматум на Кина: Милијардерот ја предава контролата врз компанијата?

Ултиматум на Кина: Милијардерот ја предава контролата врз компанијата?

Компанијата “Ант Груп” истражува како нејзиниот основач, милијардерот Џек Ма, би го продал својот удел и да ја предаде контролата врз фирмата.

Имено, кинеските регулаторни агенции навестија дека овој потег може да го намали постојаниот надзор на Пекинг врз неговата деловна активност, изјавија за Ројтерс доверливи извори запознаени со ситуацијата.

“Вол Стрит Журнал” претходно објави дека Ма понудил да продаде делови од Ант Груп на кинеската влада на состанок со регулаторите во ноември.

Претставниците на централната банка, Националната банка на Кина (PBOC) и Кинеската агенција за регулирање на банкарството и осигурувањето (CBIRC) разговарале одделно и со Ма и и со Ант Груп од јануари до март, пишува Ројтерс.

Ант Груп негира дека размислува да го продаде уделот на Ма. „Одземањето на уделот на Ма во компанијата никогаш не било предмет на дискусија“, изјави портпаролот на Ант.

Друг извор, кој е исто така поврзан со компанијата Ант Груп, за Ројтерс кажал дека регулаторите на Ма му посочиле дека тој нема да смее да го продава својот удел на групацијата или индивидуи со кои блиску соработува, но ќе мора целосно да ја напушти компанијата. Друга опција е да го пренесете својот удел на кинески инвеститор поврзан со државата.

За кој било од овие потези е потребно одобрување од Пекинг, наведуваат изворите.

Како што нè потсетува порталот Индекс, Џек Ма во говорот во октомври минатата година јавно ги критикуваше кинеските регулаторни агенции. Неговото заминување од Ант ќе овозможи заживување на некои важни планови на компанијата кои беа прекинати по проблематичниот говор.

За време на контроверзниот говор во Шангај на 24 октомври, Ма го критикуваше кинескиот регулаторен систем за задушување на иновациите и ги спореди глобалните банкарски правила со „клуб на стари луѓе“.

“Денешниот финансиски систем е наследство од индустриската ера. Треба да поставиме нова за следната генерација и за младите. Треба да го реформираме сегашниот систем”, рече Ма во својот говор.

Нешто повеќе од една недела подоцна, првата јавна понуда на Ант (проценета на рекордни 37 милијарди долари), која веќе доби зелено светло од органот за надзор на хартии од вредност во Кина, беше суспендирана. И по говорот на Ма, кинеската влада започна серија истраги и нови регулативи кои зафатија голем дел од технолошкиот сектор во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП