Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 12.4.2021 година.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,726 ден/кг и сега ќе изнесува 34,992 ден/кг.

