20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраницата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат...

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија.

За нив, владата во Грција ја продолжи забраната до 26 април, јавуваат грчките медиуми.

Засега во земјата ќе можат да патуваат државјани на членките на ЕУ, но и граѓани на Србија, Израел, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и САД.

За нив нема да важи задолжителниот карантин при пристигнувањето.

Србите веќе ќе можат да влезат во Грција преку Бугарија со негативен ПЦР-тест или сертификат за вакцинација.

Грчката Влада најави дека на 14 мај ќе го отвори туризмот за сите, а за патување ќе биде потребен сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП