24 април, 2024
ПочетнаКОРОНАПоловина од возрасната популација во САД прими барем една доза вакцина против...

Половина од возрасната популација во САД прими барем една доза вакцина против Ковид-19

Нешто повеќе од половина од возрасната популација во САД до неделата прими барем една доза вакцина против Ковид -19, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

САД започнаа да ги вакцинираат граѓаните пред четири месеци, а до неделата, првата доза беше дадена на 50,4 проценти од возрасната популација.

Скоро третина од возрасните ги примиле двете дози. Во ризичната група постара од 65 години, 81 процент од нив ја примиле првата доза, а околу две третини биле целосно вакцинирани.

Во моментов, според Белата куќа, се дистрибуираат повеќе од три милиони дози дневно во САД, а вкупно се поделени 210 милиони дози.

Прва беше вакцинирана медицинската сестра во Њујорк на 14 декември минатата година.

САД претежно користат вакцини на „Модерна“ и „Фајзер“, додека вакцинирањето со „Џонсон и Џонсон“ неодамна беше прекинато, по шест случаи на церебрална венска тромбоза. Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ обезбедува заштита од инфекција по само една доза, додека за повеќето други вакцини се потребни две дози, потсетува германската агенција dpa.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП