20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанок за сите што се збогатиле за време на пандемијата

Данок за сите што се збогатиле за време на пандемијата

Светските влади треба да размислат за „солидарно“ оданочување на поединци кои се збогатија за време на пандемијата на коронавирусот, со цел да се намали екстремната нееднаквост во светот, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

„Ние мора да се осигураме дека парите се насочени таму каде што се најпотребни. „Најновите откритија ни сигнализираат дека богатството на најбогатите луѓе во светот е зголемено за 5.000 милијарди долари во изминатата година“, рече Гутереш на седницата на ООН за финансирање на развојот.

Тој повтори дека групата 20 најбогати земји во светот треба да го продолжи мораториумот за сервисирање на долгови до 2022 година и да го прошири, со цел да им помогне и на земјите во развој и на оние со средно развиена економија да се опорават од пандемијата, пренесува Хина.

„Не смееме да бидеме задоволни со олеснување на отплатата на долгот, туку мора итно да ја зајакнеме архитектурата на меѓународното задолжување со цел да ги запреме смртоносните циклуси на должнички обврски, глобалната должничка криза и изгубените децении“, нагласи генералниот секретар на ООН.

Тој повторно апелираше за вакцините против ковид-19 да бидат достапни за сите земји и да се обезбедат дополнителни пари за финансирање на фондот за дистрибуција на вакцините Ковакс.

„Инсистирањето на еднаквост во глобалниот одговор на пандемијата и закрепнувањето е тест за мултилатерализам, на кој во моментов немаме преодна оценка. Само 10 земји во светот имаат околу 75% од вакцините“, истакна првиот човек на ООН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП