13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа 200 работни места во IKEA конкурирале 28.616 кандидати

За 200 работни места во IKEA конкурирале 28.616 кандидати

S

Компанијата „IKEA“ објави конкурс во Италија за прием на 200 работници во фабриката за мебел, а за оваа работа конкурирале 28.616 лица, што е доказ дека Италија е во длабока криза. Работодавачите останале зачудени од бројот на пристигнати пријави.

Од компанијата порачаа дека Оделението за човечки ресурси веќе започнало да ги разгледува пристигнатите пријави, па првите интервјуа ќе бидат направени на почетокот на септември.

25-годишната Гаиа Парадисо рече дека се пријавила на конкурсот бидејќи во Италија нема многу можности за младите.

Невработеноста во Италија изнесува 12,1 проценти, додека во јуни невработеноста меѓу младите изнесувала 39,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП