2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку должат граѓаните на Хрватска?

Колку должат граѓаните на Хрватска?

Croatia EU accession

На крајот на јуни во Хрватска поради неплатени обврски биле блокирани 64,678 деловни субјекти со долгови од 36,74 милијарди куни (4,9 милијарди евра).

Истовремено биле блокирани и 262,657 граѓани со долгови од 20,22 милијарди куни (2,7 милијарди евра).

Долговите на деловните субјекти се незначително повисоки (за 0,1 проценти) во споредба со месец мај, додека долговите на граѓаните се зголемиле за 2,6 проценти во однос на претходниот месец, објави хрватската Финансиска агенција ФИНА.

Според времетрањето на блокирањето доминираат деловните субјекти и според бројот и според износот.

Во блокада до 60 дена биле 3,191 деловени субјекти со пријавени доспеани долгови од 1,4 милијарди куни (184,6 милиони евра).

Повеќе од една четвртина од деловните субјети се блокирани на повеќе од 360 дена, а износот на нивните долгови изнесува 85,4 проценти од износот на вкупниот долг.

Кај деловните субјети кои се долготрајно блокирани, подолго од една година, доминираат оние кои се блокирани на пет или повеќе години, нивниот број е 31,1 проценти.

Речиси две третини од блокираните деловни субјекти или 42,354, немат вработени, а износот на нивните долгови сочинува 64,5 проценти од вкупните долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП