28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако пандемијата го промени СВЕТОТ: Пингвини на улиците во Кејптаун (ВИДЕО)

Како пандемијата го промени СВЕТОТ: Пингвини на улиците во Кејптаун (ВИДЕО)

Новиот документарец на „Apple TV“, „The Year Earth Changed“, истражува како природата реагирала на пандемијата на коронавирусот која сеуште е во тек, а инсертот објавен на Youtube покажува како пингвини слободно шетаат по улиците на Кејптаун за време на мерките за забрана.

Видеото покажува африкански пингвини кои излегуваат на улиците во Кејптаун во Јужна Африка, откако блокирањето на главниот град ги остави улиците без луѓе.

На снимката се гледа како птици летаат покрај затворените кафулиња и тивките населби, навидум уживаат во слободата.

Туристите обично доаѓаат во Кејптаун за да ги видат овие птици, но тие можат да се видат само покрај водата. Пред пандемијата, пингвините обично ја чекаа ноќта за да се движат, додека забраната за движење поради пандемијата им овозможува повеќе простор и можности да шетаат среде бел ден.

Како резултат на „затворањето“ на Кејптаун, возрасните пингвини успеале да соберат повеќе храна за своите млади и да израснат повеќе млади заради новиот пристап кон ресурсите.

Ова е само еден од извонредните начини на кои природата реагираше на пандемијата, што е прикажано во филмот, кој е достапен на Apple TV.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП