25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧувар на витката линија кој ја ублажува кашлицата и спречува инфекции

Чувар на витката линија кој ја ублажува кашлицата и спречува инфекции

Миризливи и вкусни, богати со витамините Ц, Б1 и Б2 и провитаминот А, дуњите се вистински еликсир за здравјето.

Поради изобилството од влакна и пектин и малата калориска вредност (само 57 калории во 100 гр.) нутриционистите ова овошје особено им го препорачуваат на дамите кои сакаат да ја зачуваат витката линија.

Содржат и калиум, натриум, цинк, железо, бакар, танин и органска киселина.

Плодовите можат да се јадат и свежи, но често се користат за подготовка на слатко, сокови, компот, џем и сл.

Освен што е хранливо, ова овошје со векови се користи и како лек.

Сокот од дуња освежува и ја зајакнува слузокожата на усната шуплина, желудникот и цревата, ја ублажува кашлицата, астмата и акутната дијареа.

Од друга страна, танините и слузта содржани во ова овошје спречуваат инфективни болести.

Печената и варената дуња особено се препорачуваат против воспаление на ждрелото и слузокожата на желудникот, како и за лекување на слабокрвност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП