23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот БДП порасна за 18,3 проценти во првиот квартал

Кинескиот БДП порасна за 18,3 проценти во првиот квартал

Кинескиот бруто домашен производ (БДП) се зголемил во првиот квартал од 2021 година за 18,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави денеска Централното биро за статистика. Силниот скок на БДП е делумно резултат на ниската компаративна основа од првиот квартал на 2020 година, кога кинеската економија падна за 6,8 проценти, среде пандемијата на „Ковид-19“ што ја опустоши земјата.

Во споредба со првиот квартал од 2019 година, БДП се зголемил за 10,3 проценти во првите три месеци од оваа година, според Бирото за статистика.

Според статистичките податоци, кинеската економија во периодот јануари-март забележала раст од 0,6 проценти во споредба со претходниот квартал, кога порасна за 2,6 проценти.

Кина исто така објави дека продажбата на мало се зголемила за 34,2 проценти во март, надминувајќи го предвидениот раст од 28 проценти, додека индустриското производство се зголемило за 14,1 проценти минатиот месец.

Извештајот за стапката на невработеност покажува дека невработеноста во градовите се намалила на 5,3 проценти во март, но стапката на невработеност кај младите Кинези, на возраст од 16 до 24 години, останала на високи 13,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП