29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs: Бакарот е новата нафта

Goldman Sachs: Бакарот е новата нафта

Аналитичарите на „Goldman Sachs“ за берзите на стоки велат дека бакарот е новата нафта и предвидуваат пораст на цената на црвениот метал на 11.000 долари по метрички тон.

Тие ги објаснуваат своите прогнози за зголемувањето на цената на бакарот со забрзувањето на преминот кон „зелената“ енергија од фосилни горива и недоволното снабдување со овој метал, пренесува CNBC.

Врз основа на очекуваниот скок на побарувачката и во услови на веќе оскудна понуда на пазарот во светло на пандемијата, Goldman Sachs сега проценува дека цената на бакарот ќе се искачи на просечни 11.000 американски долари по метрички тон во следните 12 месеци.

Според податоците на лондонската берза за метали, во средата се тргуваше со бакарот по цена од околу 8.900 долари за тон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП