Македонија нема да нарачува вакцини против Ковид-19 од Србија, каде на Институтот „Торлак“ вчера почна производството на вакцината „спутник В“.
„ Во моментов не ни треба ниту една нова нарачка на вакцини бидејќи според планот имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини“, рече министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе бидеме една од првите земји во регионот што ќе нарачаме вакцини од Србија.

